(ФОТО) Рецепт на денот: Ќебапи во „мантил“ од компири

За денес ви предлагаме еден необичен рецепт со состојки кои се омилени на нашата трпеза
Потребно е:
компири
ќебапи
пиперки, тиквички, модар патлиџан, домати
зачинска сол,црн пипер, зачини по желба
масло
Подготовка:компирите измијте ги, излупете ги и издлабете. Издлабениот дел ставете го на страна. Компирите наросете ги со зачинска сол, црн пипер и ако сакате со други зчини, по вкус. Секој компир наполнете го со ќебап. Огноотпорен сад намачкајте со масло па наредете ги компирите, а отстрана ставете го издлабениот дел од компирите и ќебапи.
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете, а од време на време превртувајте ги компирите, да се испечат и да не се залепат и заливајте со малку вода. Пред крај на печењето додајте пиперки исечени на коцки, исечени домати, модар патлиџан, тиквички…
Послужете со разни сосови со кечап, павлака и…секако со салата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по …