Заедно со починатото момче биле уште неколку негови другари, но потресени од целиот настан ниту тие, ниту пак нeкој друг во училиштето не сакале да зборуваат…
Трагично завршил големиот одмор во претпладневната смена во средото училиште „Димитар Влахов“ во Струмица.17. годишен ученик го загубил животот при пад од конструкцијата на еден од кошевите во училишниот двор. Немилиот настан се случил претпладнето околу 10 часот и 15 минути на кошаркарското игралиште во училиштето. Според првичните информации седумнаесетгодишното момче од Босилово, ученик во трета година, при детска игра се качил на металната конструкцијата од кошот од каде паднал и најверојатно од задобиените повреди починал на лице место. Настанот го потврдија и од МВР од каде што информираа дека истиот во струмичката полиција бил пријавен од страна на општата болница од каде што ги информирале дека во болницата е донесено безживотно тело на дете родено 2000 година.