“Сила и Нервоза” новиот сингл на Суперхикс и Фолтин

По долго “крчкање” конечно излегува најновиот албум на Суперхикс насловен како и истоимениот сингл “Сила и Нервоза”.

Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен во студиото “Тра Ла Ла” под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.


Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во Цеде формат. Следува за скоро и винилот.

Уживајте!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …