(ВИДЕО) „Ај Кју“ евровизиската промотивна турнеја ја продолжуваат во Амстердам

„Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал…
Триесет и четири евровизиски делегации викендов присуствуваат во Амстердам кадешто вечерва ќе се одржи традиционалниот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“.
Локацијата за десеттото јубилејно издание е арената Афас, чијшто капацитет изнесува пет илјади луѓе.
Пред  концертот за сите 34 учесници беше организирано официјално претставување пред медиумите, како и бројни поединечни интервјуа.
Во меѓувреме „Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал од вкупно 43 евровизиски песни, а „Lost and Found“ се најде и меѓу најпреслушуваните песни на повеќе онлајн платформи во некои земји, меѓу другото и како единствена евровизиска песна годинава.
Најпопуларниот евровизиски блог со огромна поддршка за Ај Кју!
Погледнете ги одличните реакции за песната „Lost and Found“ на тимот на Wiwibloggs:


Последниот промотивен настан на којшто Ај Кју ќе земат учество пред заминувањето во Лисабон е евровизискиот ревијален концерт во Мадрид, којшто ќе се одржи на 21. април.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …