(ФОТО) Наташа Беквалац, по претепувањето, бара развод!

Пејачката, според извори на српските медиуми, покрај видливите модринки и гребаници, доживеала и потежок потрес на мозокот
Наташа Беквалац поднела кривична пријава против сопругот Лука Лазукиќ, кој ја претепал, дознава „Блиц“. Српскиот весник во текстот пренесува и изјава на нејзиниот адвокат, кој потврдил дека пејачката ќе започне бракоразводна парница, зашто сака што побрзо да се раздели од Лука.
Наташа ќе бара старателство над заедничката ќерка Катја.
„Лука е уапсен. Очекуваме да му биде одредено задржување од 48. часа, а потоа и притвор поради опасност да го повтори делото. Засега толку. Не барајте ја Наташа, не може да зборува за тоа“, рекол Немања Влачек, адвокат на пејачката.
Некогашниот спортист и ИТ-стручњак Лука Лазукиќ пуштен е да се брани од слобода, зашто Обвинителството не му одредило мерка задржување. Лазукиќ добил мерка забрана да и’ приоѓа на Наташа Беквалац, дознава Курир.рс.
„Се вратив од град и си легнав. Во еден момент Наташа ми нашла пораки со три жени. Почна да се дере и ме нападна. Само ја оттурнав за да не ме удри. Е во тој момент падна“, изјавил Лазукиќ на сослушувањето, дознава Курир.
Лазукиќ бил приведен од станот на неговите родители.
Беквалац, според извори на српските медиуми, покрај видливите модринки и гребаници, доживеала и потежок потрес на мозокот, а во станот биле дадилката и бебето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …