„Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал…
Триесет и четири евровизиски делегации викендов присуствуваат во Амстердам кадешто вечерва ќе се одржи традиционалниот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“.
Локацијата за десеттото јубилејно издание е арената Афас, чијшто капацитет изнесува пет илјади луѓе.
Пред концертот за сите 34 учесници беше организирано официјално претставување пред медиумите, како и бројни поединечни интервјуа.
Во меѓувреме „Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал од вкупно 43 евровизиски песни, а „Lost and Found“ се најде и меѓу најпреслушуваните песни на повеќе онлајн платформи во некои земји, меѓу другото и како единствена евровизиска песна годинава.
Најпопуларниот евровизиски блог со огромна поддршка за Ај Кју!
Погледнете ги одличните реакции за песната „Lost and Found“ на тимот на Wiwibloggs:
Последниот промотивен настан на којшто Ај Кју ќе земат учество пред заминувањето во Лисабон е евровизискиот ревијален концерт во Мадрид, којшто ќе се одржи на 21. април.