Среќен роденден Весна Петрушевска !!!

Весна Петрушевска е родена на 10 март 1970 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли во 1992 година. Од 1993 година работи во Македонски народен театар – Скопје.

Остварила бројни театарски улоги:


  • Актерката Добрила (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
  • Мајката на Ана (мјузикл Тајно моја, 2017), либрето: Огнен Неделковски, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонска опера и балет;
  • Џилијан (Брачна игра, 2016), автор: Едвард Олби, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Геле Лав (монодрама Последна шанса, 2014), автор: Мирјана Бобиќ – Мојсиловиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Среќата (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Деспина Поплавска (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Марта (Кој се плаши од Вирџинија Вулф, 2012), автор: Едвард Олби, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Живка министерка (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Неда (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насев, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ленче (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Маркиза де Мертеј (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристифер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Вагинални монолози, 2001), автор: Ив Елснер, режисер: Димитар Станковски, самостоен проект во копродукција со Македонски народен театар;
  • Лепа (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Варвара Петровна (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Мерлин Монро (Мерлин Монро пак ли, 2000), автор: Димитар Христов, режисер: Игор Џамбазов, продукција: Македонски народен театар,

Од нејзината филмографијата ги издвојуваме:

  • Дама 2 (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
  • Вики (Контакт, 2005), режисер: Сергеј Станојковски;
  • Весна Петрушевска (Стравот, документарен филм, 2013);
  • Сања (Денес, утре, 1998), режисер: Игор Поп Трајков;
  • Оли (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитрие Османли;
  • (Крик на немиот индијанец, ТВ-филм, 1993).

Тв серии и тв проекти:


  • „Бејби шоу“, 2005-2006;
  • Сиси (Погрешно време, 2000/01);
  • Мара (Наше маало, 1999);
  • Мимоза (Салон Хармони,1998).
  • Водител на Радио ток шоу „Вртелешка“ (2014, Радио Слободна Македонија);
  • Водител на ТВ ток шоу „Вечер со Весна“ (2013/14, ТВ Алфа);
  • Водител, програмски директор и координатор на ТВ ток шоу „Вртелешка“;
  • Водител на ТВ ток шоу „Пулсирање“ (1986, Македонска радио телевизија);
  • Сценарист и водител на гејм ток шоу „Пирамида“ (Канал 5 телевизија).

Автор е на автобиографска книга „Трофеј“ (2016), издавач: Три

Добитничка е на награда за ТВ водител за 2000, 2001, 2002 и 2003 година на манифестацијата „Златна буба мара на популарноста“.


Среќен роденден Весна ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …