Промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирческа

На 14 февруари (среда), во 19:00 часот, во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, ќе се одржи промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на„Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Настанот ќе се одржи во рамки на „Денови на литературата“, а учесници на промоцијата ќе бидат авторката Андреа Мирческа и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.


„Девојката која ја наслика смртта“ е дебитантски роман на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на мистерија и драма што по сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Овој роман во исто време е и сериозна студија на карактери кои се прецизно, речиси хируршки, диференцирани, со сопствен глас и перспектива на настаните. Мирческа, како што вели во предговорот на романот истакнатиот писател Венко Андоновски, суверено владее со модалитетите и скриените мајсторски тајни на нарацијата. Сето тоа создава напнат и непредвидлив роман со кој Мирческа сериозно зачекорува на македонската книжевна сцена.

Романот ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …