Дали не очекува снежен бран до крајот на овој месец?!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Оваа недела можете да уживате во претежно стабилното и суво време. Метео деталите за оваа седмица веќе беа објавени од наша страна во текот на вчерашниот ден.


Што се однесува за последната декада од овој месец, таа изгледа ќе биде метеоролошки многу занимлива. Нумеричките модели и денес цртаат спуштање на ладен воздух од Арктикот кон нашите краишта.

Токму ова ќе услови формирање на секундарен циклон над Медитеранот кој ќе донесе снежен бран во Македонија, но и значителни количества на снег.


Доколку токму ова остане вака, лубителите на зимата и на снегот ќе си дојдат на своето. Ова особено ќе им дојде добро на оние кои се лубители на зимските спортови.

Состојбата околу ова будно ја следиме. Понатаму следуваат нови , и по потреба обновени метео информации.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

24.CINEDAYS отвора повик за пријавување на кратки филмови

24.CINEDAYS отвора повик за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на …