Театарската претстава за деца “Чудесниот напиток” денес во Public Room

Денес, 21 јануари 2024 година, со почеток во 12:00 часот во Public Room (на првиот кат, во Conference room), ќе може да ја погледнете театарската претстава за деца “Чудесниот напиток”.

Претставата е авторска приказна за еден чудесен ден на младите волшебници, инспирирана од познатите книги и филмови. Ова е поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува љубовта, другарството и вербата како најголеми сили и моќи на човештвото!


Претставата е со времетрање од 50 минути. Препорачана возраст 3+.

Цената на билетите е 300 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …