“Кризата Игра” – изложба на Игор Станоески во МКЦ

Во понеделник, 22 јануари 2024 година, во Галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на на уметникот и музичар Игор Станоески – Иги Ман, насловена “Кризата Игра”.

Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор-аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 во Скопје, завршува средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство Лазар Личеноски – Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности – Скопје , на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година.


По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата “ Креативна работилница ИГИМЕН “ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.

Изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во игра за оние кои успеваат да ја преживеат.


Досега има изложувано во повеќето галериски простори низ Македонија, како и надвор од државата.

Изложбата “Кризата Игра” ќе биде поставена во Галеријата на МКЦ до првите денови од месец февруари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …