Обичаи и верувања: Што треба да направите со паричето од лепчето за да ве следи богатство и среќа до следниот Божик!

Според преданијата, сите членови на семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје…
Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник.
Неизоставен дел од лепчето е паричето, а еве зошто е тоа важно и зошто никако не смеете да го фрлите или задржите за себе.
Покрај масата домаќинот го дели лепчето на секој член на семејството, а се верува дека оној кој во својот дел од лепчето ќе го најде паричето во текот на цела наредна година ќе има среќа, здравје и богатство.

Според преданијата сите членови од семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје, а оној кој ќе го пронајде паричето никако не смее да го фрли или заборави.
Се верува дека паричето кое е извадено од лепчето треба да се откупи со други пари од оној кој го пронашол, а потоа се става на икона или покрај неа и се чува се’ до наредниот Божик, бидејќи се верува дека среќникот кој го нашол ќе биде среќен и „полн со пари“ цела година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …