Сеќавање: На денешен ден почина нашата истакната актерка Нада Гешоска


Нада Гешоска е родена на 24 мај 1930 година во Прилеп. Таа беше македонска драмска и филмска глумица.

Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп во 1951 година. Била член на Драмата на МНТ во период од 1958 до 1964 година, а потоа се приклучува на Драмскиот театар во Скопје (1964-1984). Реализира повеќе значајни улоги во дела од домашни и странски автори.


Позната е по нејзините улоги како Магда во „Пат во злостор“, Елена Андреевна во „Вујко Вања“, Маша во „Галеб“, Мајката во „Крвава свадба“, Хекуба во „Тројанки“, Меланија во „Егор Буличов“ и други.

Добитничка е на многу награди и признанија, меѓу кои ги издвојуваме:


-Награда “13-ти ноември” (1967)
-Награда за актерско остварување за улогата на “Султана” во претставата “Лет во место” на театарските игри “Војдан Чернодрински” во Прилеп (1982)
-Награда 11-ти октомври (1982)
-Награда “Златна колајна” на фестивалот за монодрама и пантомима – Земун за монодраматаа “Учителката” (1985)
-Награда за животно дело “Војдан Чернодрински” (1996).

Почина на 6 јануари 2003 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера во Грузија на „Јон Вардар против Галаксијата“!

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција …