На денешен ден е роден актерот Борче Начев

Борче Начев е роден на 2 декември 1982 година во Струмица. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2010 година.


Борче е исто така кo-aвтор на проектот „Човек кафез“ и член на жири-комисија на ДАФ-драмски аматерски фестивал, Дом на култура „Бели мугри“ – Кочани.

Остварува голем број на тетарски улоги, меѓу кои би ги издвоиле:


– „Јонадаб“ од Питер Шефер, р. Дејан Пројковски, НУ Драмски театар – Скопје, 2003.
– Купер Џонс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
– Перо ѕидарот — „Големиот смок“ од Митко Маџунков, р. Горан Тренчовски, НТ „Антон Панов“ – Струмица, 2005;
– Константин, Црна Арапина — „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Владо Цветановски, НУ Драмски театар – Скопје, дипломска претстава, 2007;
– „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар – Скопје, 2007;
– „Соларис-мултимедијален проект“ од Златко Славенски, МНТ, 2007;
– Филип — „Големите очекувања“ од Ана Ристовска, р. Јован Ристовски, МНТ, 2007;
– Селанец — „Сите лица на Петре М. Андреевски“, р. Владо Цветановски, Драмски театар – Скопје, мултимедијален проект, 2008;
– Помет — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевски-Попова, МНТ, 2008;
– Базил, месарот, Бегалецот, Војникот, Инспекторот, Стражарот, Новинарот — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
– Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
– Иви — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андовска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
– г. Нинковиќ, државен секретар во МНР — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
– Троил — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
– Даскал Наум, Комитата — „Суд“ од Коле Чашуле, р. Љупчо Ѓоргиевски, 2010;
– Јохан, неуспешен студент по филозофија, ботаничар — „Спиноза“ од Гоце Смилевски, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар – Скопје, 2010;
– Миле — „Слепи птици“ од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, 2010;
– Атанас — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
– „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011;
– Иван Шатов — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски според Албер Ками, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
– Сегизмундо — „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
– Ролен, славен поет — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
– Јаша, млад лакеј — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2013;
– Бохумил Зелински — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
– Агамемнон, Еврипид — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
– Дедо Тил — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
– Леарт — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
– Четвртиот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
– „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016;
– Спиро — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ (Полска), 2016;
– Духовникот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
– Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
– Кирил — „Дух“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2018;
– Рос — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019.

Филмови:


– Таткото (Змија, 2019), сценарио и режисер: Андреј Волкашин;
– Един (Искушаните, 2017), сценаио и режисер: Василка Аврамовска;
– Александар Пинго (Вистинска љубов, ТВ филм, 2016), режисер: Јани Бојаџи;
– Д-р Лазар Перков (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
– Војник (Караула, 2005), автор: Анте Томиќ, режија: Рајко Грлиќ;
– Оги (Алеф, 2004), автор: Борјан Зафировски.

Тв серии:

– Јорго (Преспав, 2019)
– Новинар (Инсајдер, 2017);
– Наставникот Никола (Фамилија Марковски, 2017);
– (Македонски народни приказни, 2013), Национална телевизија Канал 5;
– Васил Чакаларов, Пешо Самарџиев (Тврдокорни, 2013);
– (Македонски народни приказни, 2013), Национална телевизија Канал 5;
– (Македонски народни приказни, 2012), Национална телевизија Канал 5;
– (Народни приказни, 2010), втора сезона,11 епизоди;
– (Народни приказни, 2009), прва сезона, 8 епизоди, Национална телевизија А1;

Среќен роденден Борче, ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …