На денешен ден е родена Сузана Спасовска

На денешен ден во 1964 година во Скопје е родена нашата најпозната пејачка на народна музика Сузана Спасовска. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.

Спасовска уште од 80-тите години на минатиот век ја негува македонската песна и има снимено над 21 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е Сузе Национале, Златното грло, Славејот македонски, а позната е по своите уникатни настапи и кореографии.


Сузана Спасовска гостувалa речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински во Загреб, Цанкарјев дом во Љубљана, Брукс центар во Мелбурн, Опера хаус во Сиднеј и други. Почнувајќи од 1986 до 2019 година, таа има издадено повеќе од 15 албуми, меѓу кои и две двд изданија.

Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржала голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера. Музичка група на концертот беше Групата Академци. За 35 годишниот јубилеј ја издаде компилацијата „Приказна“. Таа е сеуште активна на музичката сцена, а во овој период е актуелна со учеството во проектот „Македонијо во срце те носиме“.


Редакцијата на „Екран“ ја користи оваа прилика да и го честита роденденот на Сузана Спасовска и да и посака многу здравје, уште многу нови песни, настапи и јубилеи.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …