Попоски предупредува: Влегуваме во сѐ понестабилна атмосфера и нова дестабилизација на времето – Еве што не очекува

Под влијание на многу топла, но и нестабилна воздушна маса од југ (северните предели на Африка), во Македонија продолжува многу топлото време со натпросечно високи температури на воздухот. Сепак Атмосферата ќе биде се повеќе нестабилна.

Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.


Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни и да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја.

Температурите остануваат без поголеми промени на сегашните и на повеќе места ќе се искачуваат до 35 степени, понекаде и над 35 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе достигнат до околу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8). Поради високата вредност на Ув индексот, исто така апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.


Во Скопскиот регион исто така ќе има услови за локална нестабилност, но и за појава на локално невреме. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.

Позначително освежување на времето барем одсега гледано ќе имаме следната седмица, односно од следната среда, тогаш овој топлотен бран ќе го напушти целиот регион, како и Македонија, пишува Славчо Попоски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …