На денешен ден беше роден Патрик Свејзи – за жал прерано подлегна на лошата болест

Патрик Вејн Свејзи беше роден на 18 август 1952 во Хјустон, Тексас, САД. За жал почина прерано на 14 септември 2009.

Тој беше американски глумец, танчер и текстописец кој својата слава ја стекнал со филмовите Dirty Dancing и Дух. Според списанието People тој бил прогласен за најсекси маж за 1991 година.


Кога имал 20 години, Свејзи ја запознал четири години помладата Лиза Ниеми, со која подоцна се венчал и останал во брак до неговата смрт.

Во јануари 2008 година, на Патрик Свејзи му бил дијагнозиран рак на панкреасот, за кој една година подоцна, тој ја известил својата жена дека ја надминал болеста.Сепак, на 14 септември 2009 година, Патрик Свејзи ѝ подлегнал на лошата болест и починал.


Последната улога на Свејзи била во ТВ серијата A&E, чија премиера била откажана поради трагичната смрт на глумецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …