Ал Пачино (83) побарал неговата 54 години помлада бремена девојка да направи тест за татковство

83-годишниот холивудски актер Ал Пачино наводно се сомневал дека детето што го чека неговата девојка Нур Алфала (29) не е негово, па побарал да го потврди татковството со ДНК тест, пишува TMZ.
Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој најчесто предизвикува неплодност. Нур, која моментално е бремена во осмиот месец, на крајот направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот за странските медиуми изјавил дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена.

View this post on Instagram

A post shared by GoulStyle (@goulstyle)



Двојката е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзувана со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

View this post on Instagram

A post shared by هفت هنر (@seven_art20)



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …