Полицијата и жителите на еден јапонски крајбрежен град биле изненадени од појавата на голема железна топка која била исфрлена на брегот на локалната плажа. Извесен период се шпекулираше што би можело да биде, а потоа се утврди дека се работи за најобична пловка.
Железна топка со дијаметар од еден и пол метар е предмет на бројни шпекулации откако се насукала на плажата Еншу во јапонскиот град Хамаматсу. На почетокот многумина стравуваа дека се работи за мина, но рендгенот покажал дека неговата внатрешност е празна.
Топката е во портокалово-кафеава боја и се чини дека има црни дамки на некои делови кои веројатно се предизвикани од ‘рѓа. Полицијата опколи дел од плажата за да утврди за што се работи.
Guardian објави дека жител на Хамамацу кој трчал на плажата секој ден рекол дека не разбира зошто топката наеднаш станала во центарот на вниманието: „Таму е веќе еден месец. Се обидов да ја турнам, но не се помрднуваше…“.
A mysterious metal ball spotted on a beach in Hamamatsu City this week prompted local police to scramble the bomb squad. A careful examination revealed it is not a threat — but shed no light on what it actually is. pic.twitter.com/ytClWsP0bw
— NHK WORLD News (@NHKWORLD_News) February 21, 2023
Некои истакнале дека изгледа како нешто од популарната анимирана серија Dragon Ball, додека други мислеле дека можеби е НЛО што паднало од небо. Покрај тоа, се шпекулираше дека тоа би можело да биде кинески шпионски балон како оние над САД.
Сепак, на топката јасно се гледаат две рачки, кои веројатно се користат за да се закачи на нешто. Ова покажало, што подоцна било официјално потврдено, дека всушност станува збор за најобична пловка.
Фото: Принтскрин/NHK WORLD News