(ФОТО) Во преден план е насмевката – многумина мислат дека на светот нема поубава жена од неа

Нежниот изглед на нејзиното лице, долгата коса и сонливите очи го воодушевија светот кога ја видовме во спотот за песната „Crazy“ на групата „Аеросмит“. Таа и денес не се оддалечила од таа убавина и харизма.
Лив Тајлер (45) се појавила на забавата на Stella McCartney X Adidas во Лос Анџелес и целосно доминирала на настанот со својата насмевка и непосредност.

This image has an empty alt attribute; its file name is liv-tajler-1.jpg


Актерката и модел се одлучила за едноставна црна комбинација, која ја надградила со „зебра“ капут , а пуштената коса и лесната шминка беа вистинскиот избор.
Да потсетиме, Лив од 2014 година е во врска со Дејвид Гарднер со кој има две деца. Таа има син од претходната врска со музичарот Ројстон Ленгдон. Лив Тајлер е посветена на семејството и живее повлечен живот во Англија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …