ПОЧИНАЛ ПАКО РАБАН: Познатиот моден дизајнер не напушти на 88 години

Пако Рабан, познатиот моден дизајнер, починал на 88-годишна возраст.
Франциско Рабанеда Куерво, попознат под псевдонимот Пако Рабан, беше шпански моден дизајнер со баскиско потекло, кој стана познат како „ужасен млад човек“ на францускиот моден свет во 1960-тите.

View this post on Instagram

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)


Пако Рабан е роден на 18 февруари 1934 година во баскискиот град Пасаја, провинција Гипускоа. Неговиот татко, републикански полковник, бил погубен од трупите на Франко за време на шпанската граѓанска војна. Мајката на Рабан, била главна шивачка во првата модна куќа на Кристобал Баленсијага во Доностија, Баскија.
Поради Шпанската граѓанска војна, тие се преселиле во Париз во 1937. година. Во средината на 1950-тите, додека студирал архитектура на Ecole National des Beaux-Arts во Париз, Рабан заработувал правејќи модни скици за Диор и Живанши и скици за чевли за Шарл Журдан, но подоцна се вработил во најголемиот француски производител на армиран бетон, Огист Пер, и таму работел повеќе од десет години.


Дизајнираше гардероба, накит и парфеми.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …