Модната куќа „Schiaparelli“ неодамна претстави сопствена колекција на облека за време на Модната недела во Париз.
На ревијата присуствуваа бројни познати личности кои со своите модни изданија ја оставија публиката без зборови. Меѓу нив беше и ексцентричната пејачка и раперка Доџ Кат, која на Модната недела се појави во многу необична креација.
View this post on Instagram
„Дама во црвено“ – така би го карактеризирале нејзиниот изглед, бидејќи оваа уметница била облечена во црвени модни парчиња – од глава до пети. Може да се каже дека стилот на Доџ е комбинација на бизарно и ексцентрично и не можеме баш да судиме дали овој фустан е целосен моден хит или неуспех.
View this post on Instagram
А што вели „Модното жири на Твитер“?
Па, коментарите се главно поделени. И додека едни пишуваат дека американската раперка се надминала себеси со последното издание, други тврдат дека нешто не е во ред со нејзината психичка состојба.
View this post on Instagram
„Оваа жена тајно бара помош, но никој нема да и помогне…“
Doja Cat shines at Paris fashion week.pic.twitter.com/nxIhGZ0v6s
— About Music Charts (@AboutMusicYT) January 23, 2023
Фото: Принтскрин/Instagram