(ВИДЕО+ФОТО) Шерон Стоун како муза на пејачот Сем Смит додека лежи на кревет облечена во златно…

Пејачот Сем Смит објави нов албум наречен „Gloria“, па реши да ја претстави истоимената песна во емисијата Saturday Night Live. Во оваа прилика тој имаше и специјален гостин.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)



Тоа не беше никој друг туку фаталната Шерон Стоун (64) која сè уште плени со својот изглед и женственост.
Иако неодамна објави дека има сериозни здравствени проблеми, актерката блесна во полн сјај.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Шерон своевремено го играше главниот лик во филмот „Глорија“ во режија на Сидни Лумет, римејк на истоимениот филм на Џон
Касаветес. Со оглед на сите нешта, не е изненадување што Сем ја избра токму оваа легенда за да ги подобри своите перформанси.


View this post on Instagram

A post shared by SAM SMITH (@samsmith)

Во еден вид на надреална изведба, Стоун лежела на кревет во поголемиот дел од песната, а потоа драматично станала пред крајот. И во седмата деценија, Стоун изгледа фатално, како и пред неколку децении кога го полуде целиот свет со нејзината улога во „Ниски страсти“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) И’ по смртта донира: Пејачот минатата година донирал два милиони фунти

Покрај бројните уметнички дела, тој го поседуваше и пијаното на Џон Ленон… Поминаа осум години …