(ФОТО) Ќерката на Мајкл Џексон до ден-денес го почитува советот на татко и: Парис не го заборава ова!

Мајкл Џексон почина во 2009. година, а неговата ќерка Парис порасна во вистинска убавица…
Парис Џексон (24) на 11. години го изгубила својот татко, најпопуларниот пејач во светот, Мајкл Џексон. Таа денес е модел, пејачка и актерка и секогаш истакнувала дека она што ја научил нејзиниот татко го цени до ден-денес.
Таа е заштитно лице на многу брендови од светот на убавината, па неодамна зборувала за тоа како Мајкл влијаел на тоа како тогаш ја гледа убавината.
– Се трудам и секогаш имам отворен ум – не само со убавината, туку со се. Секогаш нè учеше дека убавината доаѓа одвнатре, а јас и до ден денес верувам во тоа – истакнува Парис, пренесува Hola.

View this post on Instagram

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)


Таа признала дека нејзиниот однос со убавината бил комплициран од социјалните притисоци, но научила како да се справи со тоа така што ќе си ја најде самодовербата и ќе сфати дека навистина треба да се сакаш себеси:
– Неодамна научив како да се справувам со сè практикувајќи самољубие. Дури во последните неколку години почнав да се чувствувам навистина добро во својата кожа, се чувствувам удобно – изјавила Парис.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …