(ФОТО) Има Ферари, но нема осигурување

ВОЗЕЛ  неосигурен автомобил од над 300.000 евра.
Кога имате врвен спортски автомобил од стотици илјади евра, се очекува да платите осигурување, а добро би ви дошло и каско. Особено кога станува збор за автомобил како Ferrari F8 Tributo чиј твин-турбо V8 испушта 720 КС и ве катапултира до 100 за околу 3 секунди до максимални 340 km/h. Исто така, можно е некој ненамерно да ве изгребе, а тоа веднаш ја покачува цената на поправката.
Полицијата го исклучила ова Ферари од сообраќај токму поради неплатеното осигурување. Според соопштението на полицијата на Метман, 32-годишниот сопственик го регистрирал автомобилот во јануари оваа година, но оттогаш не платил ниту една месечна рата.
На лице место му биле одземени дозволата и регистарските таблички, а сопственикот морал да ја плати услугата за влечење за да го пренесе автомобилот до неговиот приватен паркинг. Полицијата дури го објавила статусот на социјалните мрежи со коментар: „Може да си дозволи Ферари за 300.000 евра, но не може да плати за осигурување? Да, тоа е чудно, нели?“

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …