XXII НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА – „Херои и антихерои во италијанскиот филм”

Од 16 до 23 мај 2022 година – по трагите на успехот на претходните изданија – во „Кинотеката на Република Северна Македонија” во Скопје ќе се одржи XXII „Недела на италијанската кинематографија”, филмска ревија на италијански филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијанскиот филм.

Настанот во организација на Амбасадата на Италија ќе биде отворен денес на 16 мај во 20.00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот”, оригинален трилер-фантазија во режија на Габриеле Маинети (2015). Во главната улога на филмот е Клаудио Сантамарија, кој со овој филм ја доби престижната награда Давид ди Донатело за најдобар главен актер, толкувајќи ја улогата на ситен криминалец од предградие кој се претвора во позитивен и непобедлив херој. Филмови се преведени и титлувани на македонски јазик. Ревијата ќе продолжи со прикажување на серија понови филмови, со меѓународно познати актери како Стефано Акорси и Матилда Де Анџелис, главни улоги на филмот „Брз како ветрот” (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, понатаму, со комедијата „Италијанци” (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, понатаму, со „Сета моја луда љубов” (2019) – возбудливо патување низ Балканот – со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија. Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси се протагонисти на драматичната и деликатна „Нашиот живот” (2010). На крајот, ќе бидат прикажани два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома”, во режија на Пјер Паоло Пазолини во 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Тежок живот” (1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.


Тема: ХЕРОИ И АНТИХЕРОИ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ
Ambasciata d’Italia
Skopje
16-23 Мај 2022
Кинотека на Република Северна Македонија
16/05 – 20.00
Lo chiamavano Jeeg Robot / Го нарекуваа Џиг Робот (2016)
Director: Gabriele Maine
17/05 – 20.00
Veloce come il vento / Брз како ветрот (2016)
Director: Maeo Rovere
18/05 – 20.00
Una vita difficile / Тежок живот (1961)
Director: Dino Risi
19/05 – 19.00
Mamma Roma / Мама Рома (1962)
Director: Pier Paolo Pasolini
20/05 – 19.00
Italians / Италијанци (2009)
Director: Giovanni Veronesi
21/05 – 19.00
Tuo il mio folle amore / Сета моја луда љубов (2019)
Director: Gabriele Salvatores
23/05 – 19.00
La nostra vita / Нашиот живот (2010)
Director: Daniele Luche

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …