Златен Даб ги претстави новите дизајни на Limited Edition лименките

Златен Даб по четврти пат ги претстави своите лименки во уметнички дизајни, на тој начин поддржувајќи ги уметниците и домашната арт сцена во Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is zlaten-dab-2.jpg


Зад најновите дизајни, оваа година стојат истакнатите македонски уметници Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов.

This image has an empty alt attribute; its file name is zlaten-dab-1.jpg
Промотивниот настан беше збогатен со диџеј сетовите на Shorty P и Irie Scratch, а посетителите можеа да добијат пакување со најновите Limited Edition лименки на Златен Даб. Уметниците кои учествуваа во овој проект потенцираа дека редизајнирањето на лименките на омиленото македонско пиво е голема инспирација која уметнички ја поврзуваат со ведрината, забавата и убавината на живеењето.


This image has an empty alt attribute; its file name is Fotka-so-shishe.jpg

Инаку, оваа година, Златен Даб како новитет ги претставува и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.
Иницијативата за редизајнирање на лименките во уметнички манир е одличен начин на поврзување на брендот со локалната уметничка заедница, преку која истовремено им се овозможува врвно и необично уживање на сите љубители на Златен Даб.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …