УКРАИНА е победник на изборот за Песна на Евровизија. Иако националните жирија му дадоа повеќе поени на претставникот на Обединетото Кралство, публиката со неверојатни 439 поениго одреди победникот.
Финалето на Евровизија се одржа во салата Пала Олимпико во Торино.
Во финалната вечер настапија претставници на 25. земји, а оваа година финалето помина без Русија. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија.
Домаќини беа Лаура Паусини, Мика и Алесандро Кателан.
Овогодинешната „Евровизија“ ќе остане запаметена по скандалите кои следеа по настапот на украинските претставници.
Првиот инцидент се случи по изведбата на песната „Стефанија“, кога пејачот се обрати до публиката барајќи помош.
– Ве молам, помогнете им на Мариупол и Азовстал – извика на крајот пејачот на оркестарот Калуш.
Ukraine's Kalush Orchestra bring a hypnotic mix of rap, folk and a flute loop so funky you'll remember it for days 🇺🇦 #Eurovision #ESC2022 pic.twitter.com/lgHZhkCkoG
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 14, 2022
Набргу потоа, при вклучувањето на Полска од националната телевизија, беше испратен нацистички поздрав.
– Слава на Украина! – се слушна при вклучувањето од Полска.
Истиот поздрав следеше кога на сцената излегоа украинските претставници откако беа прогласија за победници на овогодинешната „Евровизија“.
– Ви благодариме на сите, оваа победа е за сите Украинци. Слава на Украина! – извика пејачот на оркестарот Калуш откако му беше врачен трофејот.
Имено, овој поздрав го користеле нацистите, следбеници на Стјепан Бандера, за време на Втората светска војна.
THAT winning moment! 🇺🇦🏆 #Eurovision #ESC2022 pic.twitter.com/s4JsQkFJGy
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 14, 2022
Иако настапи под реден број 24, тоа не ја спречи Констракта повторно да биде спектакуларна и да предизвика неверојатна атмосфера во Торино. Целата арена аплаудираше и на цел глас пееше со српската претставничка, а нејзиното лице покажуваше дека е задоволна од настапот.
Сепак, и покрај одличниот настап и поддршката од навивачите кои цело време беа со Констракт, Србија заврши на петтото место.
Фото: Принтскрин/eurovision.tv