(ФОТО) ЗЕЛЕНСКИ САКА ЕВРОВИЗИЈАТА ДА ЈА ДОНЕСЕ ВО МАРИУПОЛ: Претседателот на Украина по победата шокираше со неговиот статус на Фејсбук

По победата на украинскиот оркестар Калуш на синоќешната Евровизија, претседателот на Украина Володимир Зеленски и се обрати на јавноста со порака дека следниот избор за песна на Евровизија ќе се одржи во градот Мариупол.

This image has an empty alt attribute; its file name is ukraina-pobednici.jpg
– Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Наредната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија. По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се од себе еден ден да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во Мариупол, Украина. Слободно, мирно, обновено! Благодарност до сите што гласаа за нас. Сигурен сум дека нашата победа против непријателот не е далеку. Слава на Украина – стои во објавата на Зеленски.


Да потсетиме, претседателот Зеленски претходно пред финалната вечер на натпреварот за најдобра песна во Европа изјави дека победата на неговата земја на тој натпревар ќе биде „симболична“ победа на Украина во војната (против Русија) и ги повика сите да гласаат.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …