Весела прослава: Маестро Александар Џамбазов наполни 82 години

Маестро Александар Џамбазов, таткото на Игор, наполни 82 години. Роденденската забава била во „Скара бар“ , а фотографијата од прославата ја сподели Весна Петрушевска.

На роденденската журка, покрај Игор Џамбазов, чест му направиле и актерот Тони Михајловски, со сопругата Александра и синот Максим, Пере од „Нокаут“, Весна Бејби, Харе Гуру… најблискиот круг на Џамбазови.
Александар Џамбазов е роден во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …