Најдобар колач од две состојки

Добар колач е нешто што бараме особено во текот на викенд, кога трпезата е убаво да се зачини со нешто слатко. Овој предлог ќе го обожувате бидејќи за овој десерт ви треба малку време и само два продукти.
Порталот “Living On A Dime” подготвил неколку слатки изненадувања а ова е еден од наједноставните рецепти – крем браунси.
Потребно е:
4 јајца
16 лажици чоколаден крем
малку шеќер во прав, за наросување
Подготовка:рерната вклучете ја на 220. степени, а тавата покријте ја со хартија за печење.
Во подлабок сад ставете ги јајцата, матете ги неколку минути со миксер. Нивната смеса треба да се утрои.
Истопете го чоколадниот крем, полека истурајте го во смесата од јајца. Се’ убаво измешајте и истурете во тавата. Температурата во рерната намалете ја на 180 степени и печете околу 30. минути.
Кога ќе заврши печењето, дури кога колачот ќе биде потполно ладен наросете го со шеќер во прав, за декорација, исечете и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …