Внукот на Шерон Стоун починал на возраст од 11. месеци, само неколку дена откако итно беше префрлен во болница со целосна инсуфициенција на органите.
63-годишната актерка ја сподели потресната вест на социјалните мрежи. Пред само неколку дена, таа ги покани фановите да „се молат за чудо“.
„РиверВилијам Стоун – 8. септември 2020 година – 30. август 2021 година“, напиша таа во објавата.
Изјавите на сочувство ги преплавија социјалните мрежи, бројни sвезди и обожаватели го изразија своето неверување поради оваа трагедија.
Стоун ги замоли фановите во петокот наутро да се помолат за малечкиот Ривер. Со слика на мало дете опкружено со опрема во нејзиниот болнички кревет, актерката напиша: „На мојот внук, Ривер Стоун, денес му открија дека има потполно откажување на органите“.
Ривер е роден во септември 2020 година и е син на Патрик, брат на актерката.
Фото: Принтскрин/Instagram