(ВИДЕО) НОВ ЗЕЛАНД – БЛАМ ВО ЖИВО: Синот на министерката го прекинал интервјуто за да и покаже морков во облик на фалус!

Министерката од Нов Зеланд е уште една јавна личност која се посрамоти поради „инцидентот“ за време на видео повикот.
Имено, телевизиското интервју во живо го прекинал нејзиниот син, кој влегол возбудено во собата мавтајќи со морков во форма на фалус.
Кармел Сепулони, министер за социјален развој, правела интервју во живо со Радио Самоа преку Зум, кога нејзиниот насмеан син влегол низ вратата што била зад неа, држејќи морков со чудна форма што очигледно го нашол меѓу намирниците, пишува The Guardian.


„Во моментот кога давате интервју во живо преку Зум и вашиот син влегува во собата викајќи и држејќи деформиран морков во форма на дел од машко тело“, напишала Сепулони на Твитер. „Да, речиси се боревме околу морковот пред камерата, и да, сега се смеам на тоа, но тогаш не!“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …