Гледачите на Евровизија беа шокирани од сцената снимена во Зелената соба за време на последната вечер. Имено, во еден момент, камерите го снимиле победникот на Евровизија, Дамијан Дејвид, фронтменот на групата „Менескин“, како се наведнува над масата, што на многумина им изгледало како да шмрка нешто.
„Дали тој навистина конзумирал дрога во директен пренос?“, „Дечкото шмркаше во директен пренос, ова е за дисквалификација“, „Се чини дека дрогата победи на Евровизија“, „Очекуваме организаторите да го коментираат ова“ , пишуваат сега шокирани обожаватели на Евровизија.на социјалните мрежи.
И видеа со наслов „Италијанец фатен како консумира дрога на Евровизија“ веќе се појавија на ЈуТјуб.
„Не се дрогирам, туку само го собирав стаклото“, кратко рекол Италијанецот на прес-конференција после победата на новинарско прашање за спорната сцена.
Yes u did. First time we see this pic.twitter.com/Y8V7ksTiDa
— Ana (@An29010) May 23, 2021
Фото: Принтскрин/YouTube
Подготви: Г.Оџакова