ТАЖНА ВЕСТ: Почина адвокатката Јулијана Неделковска, беше многу млада и успешна

Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој нашата драга другарка и колешка Јулијана, информираа денеска од „Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери“.

„Јуле се грижеше за сите нас со цело свое битие и донесе радост и среќа на многумина. За жал, ние повеќе не можеме да ти возраќаме на твојата добрина. Невидлива сила прерано те оддели од најблиските, те оддели од сите нас. Ти беше ѕвезда и на земјата. Остави силен впечаток и резултати со секој твој настап – и како личност и како адвокат. Токму затоа толку силно, болно и молњевито се разнесе жалната вест за твојата прерана смрт. Кај сите што допре само плач, бол и неверување. Остави длабок белег во многу срца. Нека сјае на небото твојата ѕвезда Јуле. Греј ги сега душите на твоите блиски и на сите кои ќе им недостасуваш. И сама знаеш ангелу Наш, дека тоа се многу, многу луѓе. Ќе бидеш во вечен Наш спомен. Почивај во мир Јуле! Нека ти е вечна славата!“, стои во нивната објава на Фејсбук.


Фото:Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …