Оброк салата со пилешко

Пилешко за салата/оброк кој лесно се подготвува
Состојки:
– 200 гр пилешко бело месо
– 3 домати
– 1 пиперка
– 1/2 кромид
– 1 лажичка сос од домати
– 1/3 лажиче чили во прав
– 1/2 чаша рендано полу-тврдо сирење по ваш избор
– маслиново масло
– зелена салата
Дресинг:
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица балсамико
– 1 лажичка сенф
– сол, бибер
Подготовка:
Исецкајте го месото на парчиња. Додадете сол и пржете на масло заедно со ситно исечен кромид. Доволно е околу три до пет минути.
Потоа додадете малку вода, 150 милилитри, промешајте го сосот од домати и оставете да врие околу пет минути.
Исечете ги доматите и пиперките на мали парчиња и ставете ги во подлабок сад.
Можете исто така да додадете зелена салата по ваш избор.
Измешајте ги сите состојки на преливот и прелијте ја салатата, додадете го ренданото сирење и добро измешајте.
Прво ставете ја салатата во садот за сервирање, а потоа додадете го месото заедно со сосот од динстањето. На крај додадете уште малку рендано сирење и малку бибер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …