(ВИДЕО) Александра освојува со својата музика: Љубовта кон гитарата ја однела на светските сцени!

Црвената коса веднаш ја одделува од другите а кога ќе слушнете како свири уште повеќе ќе заклучите дека е посебна.
Името и е Александра и има 19. години. Гитара свири 10. години, а има завршено основно и средно музичко образование по гитара. Во моментов е студент на одделот за класична гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Потекнува од музичко семејство и имала голема љубов кон гитарата и музиката уште од дете.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra☠ (@__allex____)


„Гитарата е мојата втора половина и мој највисок приоритет и избор на живот. Досега имав многу солистички концерти и награди на многу натпревари, пред две години настапив со солистички концерт на престижниот ‘Сараевски зимски фестивал’ во Сараево каде настапуваат најдобрите уметници од целиот свет, а во 2019 година настапив на престижниот Клавие Куќа во Њујорк, голем предизвик и успех за мене. Покрај класичната музика што ја учам и изведувам, во мојот приватен живот од рана возраст слушам метал и рок музика. За мене беше предизвик да започнам со сопствени аранжмани и да ја учам и унапредувам техниката ‘Фингерстил’ на познатите рок и метал песни што ги слушам. Моите идни планови се да направам цел албум ‘на прсти’ со мои аранжмани на познати песни. Работам и на моите композиции, кои се надевам дека ќе ги објавам наскоро“, ни рече Александра пред која очигледно е добра иднина.


 

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …