500 г тенки кори
500 г рендана тиква
150 г мелени ореви
кокосово брашно
1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
50 г путер
шеќер
Подготовка: соединете ги тиквата, мелените ореви, ренданата кора и сок од половина лимон и ванилин шеќер. На две кори ставајте по малку истопен путер, испрскајте со вода, обична или минерална. Распоредете 2 лажици фил (полни), наросете со 2 лажици кокосово брашно и шеќер по желба. Завиткајте ги корите и редете на широк плех на кој сте ставиле хартија за печење.
Во малку вода разматете го останатиот путер, додајте го сокот од половина лимон и шеќер (по желба) па намачкајте ги корите.
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 20. минути.