(ФОТО) Познат музичар (71) со петата сопруга, позната актерка, го чека шестото дете

Канадскиот музичар и познат поп-продуцент Дејвид Фостер ќе добие дете на 71-годишна возраст.
Од минатите бракови со Б.J. Кук, Ребека Даер, Линда Томпсон, а потоа и Јоланда Хадид, славниот поп-продуцент веќе има пет ќерки – Сара, Ерин, Џордан, Алисон и Ејми.
Според бројни медиуми, новороденчето го чека со својата двојно помлада сопруга, актерката и пејачка Кетрин Мекфи (36).
Фостер повторно ќе менува пелени во стари денови, и ова ќе биде шесто дете со неговата петта сопруга.
Кетрин Мекфи ќе го добие своето прво дете.
Списанието „People“ објави фотографии од идна мајка која веќе не може и не сака да го крие трудничкото стомаче.



Фостер и Кетрин Мекфи се венчаа во јуни минатата година во Лондон, а големата разлика во годините не им пречеше.
Пред да се омажи за Фостер, Кетрин беше мажена за Ник Кокас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …