(ВИДЕО) Талиа со награда и од меѓународниот онлајн натпревар “Лети Со Мной” во Москва

Талиа Василова како учесник на меѓународниот онлајн натпревар “Лети Со Мной” во Москва,Русија во својата категорија настапи со светскиот хит „Dance Monkey“ и беше наградена со лауреат lll степен.
Несомнено нашата Талиа е препознатлива ширум светот со своето соло пеење,затоа и настапува и добива покани од безброј меѓународни организации и фестивали.Талиа со нејзините девет години досега успеа да остави позитивен белег во многу држави во насока на песната.


Истотака настапува низ светот со нејзиниот брат Никола кој свири на кларинет (Дуо Танини) и значат за едно од попознатите македонско музичко детско дуо кое ја зачувува Македонската песна и ја пласира низ целиот свет.


Едноставно, Талиа и Никола, Дуо Танини, од Кавадарци се меѓу најголемите млади музички македонски надежи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …