Наја Ривера исчезнала пред една недела на езерото Пир, каде што дошла со својот син (4). Тој бил пронајден на брод, а по актерката трагале 5 дена. По обдукцијата, се покажало дека е несреќен случај.
Властите во Калифорнија објавија по обдукцијата на телото на трагично починатата sвезда од серијата „Гли“ дека смртта на Наја Ривера е несреќа.
Актерката случајно се удавила, па дури и порано беше објавено дека Наја имала доволно сила да го спаси синот, но немала доволно и за себе. Полицијата посочила дека не станува збор за убиство или самоубиство, туку за ужасна несреќа.
Полицијата верува дека актерката е мртва и дека нејзиното тело никогаш нема да се најде: „Ние го бараме езерото на слепо!“
Ривера (33) исчезнала пред една недела додека со четиригодишниот син била на излет на езерото Пир. Детето е пронајдено на бродот како спие а на себе имал елек за спасување, а од неговата мајка немало никаква трага.
Петдневната потрага за жал завршила, а во понеделникот полицијата го пронашла нејзиното тело. Момчето им кажало на истражителите дека неговата мајка му помогнала да се врати на бродот, а кога се свртел, видел дека исчезнала во водата.
Екран.мк/edition.cnn