(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛ 2. СВЕТСКИ ВОЈНИ, ШПАНСКИОТ ГРИП И ЈА НАДЖИВЕАЛ СССР: Во 112. година починал најстариот човек на светот

Боб Вајтон, најстариот човек на светот според Гинисовата книга на рекорди, починал вчера на 112-годишна возраст во неговиот стан во Хемпшир, Велика Британија.
Неговото семејство потврдило дека тој починал, а тие исто така рекле дека се борел против карцином.


„Тој почина мирно, во сон, додека спиеше во неговиот стан, каде што живееше сам“, велат членовите на семејството.
Поранешниот учител и инженер од Алтон, Хемпшир, е роден на 29. март 1908. година, а титулата најстар човек на светот ја презеде во февруари, кога почина неговиот претходник Читсу Ватанабе од Јапонија. Вајтон ги преживеа двете светски војни, шпанскиот грип, како и создавањето и падот на Советскиот Сојуз.
Думитру Команеску од Романија сега е најстариот човек на светот и има 111 години и 202 дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …