Филипче по втор пат негативен на Ковид-19: „Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата!“

Министерот Филипче ја инфрмираше јавноста со својата здравствена состојба и резултатите од второто тестирање на Ковид-19:

„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација. која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.
Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, објави Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …