Ева Лонгорија овие денови максимално ужива со синчето Сантиаго во капење и сончање. Глумицата на Инстаграм објавила фотогарфии од базен во црн едноделен костум но вниманието го привлекло нејзиното синче.
За уживањето на базенот Ева Лонгорија и нејзиното шестмесечно синче Сантиаго го облекла во син костум со мотив на рипчиња од брендот Mott50. Грижливата мајка своето бебе од сончевите зраци го заштитила со сино шеширче украсено со црвено-бело-сина лента.
Ева пак влетала во црн едноделен костум без прерамки на брендот Allec кој околу струкот има појас за дополнително нагласување на фигурата. Ниту 43. годишната глумица не излегла на сонце без покривало за главата, а се одлучила за дамски шешир со широк обод во беж боја украсен со сина дебела лента, а очите дополнително ги заштитила со очила за сонце.
„Спремни за капење во базен“, напишала глумицата покрај оваа фотографија.