(ВИДЕО+ФОТО) Полнета листеста погача која освојува на прв залак!

Фини и крцкави корички, полнети со фил од праз и сирење…
Ако сте сакале да направите домашна пита а не сте мајстор за тегнење кори направете пита со листести кори од стасано тесто.Потребни ви се малку состојки, а питата е создадена да се засака со првиот залак
Состојки:
Тесто:
15 г. квасец
200 мл. јогурт
100 мл. млеко
1 лажичка шеќер
2 јајца
1 жолчка
600 – 700 г. брашно
сол
Фил:
исечкан праз
лук
сол, црн пипер
сирење
Плус:
истопен маргарин


Подготовка: квасецот истопете го во млекото, додајте јајца, шеќер, јогурт, брашно и сол и замесете мазно и меко тесто. Обликувајте и оставете да отстои половина час.
Празот исечкајте го и пропржете на масло, додајте сол, црн пипер, лук.
Кога тестото ќе стаса, размесете и поделете на 9 топчиња.
Првото топче расукајте го во големина на тавата (24 см.) и намачкајте со истопен маргарин. Ставете во намрсена тава. Расукајте ги второто и третото топче тесто, кои исто така ќе ги намачкате со истопен маргарин и ставите една врз друга. На третата кора ставете од филот и изронето сирење.
Потоа повторно расукајте три кори, намачкајте со истопен маргарин и ставете ги врз филот. На третата кора нанесете го останатиот фил и се’ покријте со три расукани и со маргарин намачкани кори. И’ третата кора намачкајте ја со маргарин и питата исечете ја на коцки. Изматете ја жолчката и намачкајте ја питата.
Оставете да стои 15. минути, малку да стасува, и ставете во рерна загреана на 180. степени. Печете 40 – 45. минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …