20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само 20 правила.
Воспитувањето деца е многу чувствителна тема и неспорно е дека треба многу да се работи на образованието на децата и родителите. Развојот на технологиите значително придонесе за различни промени во општеството, па затоа се менува и пристапот на родителите кон децата.

Марија Монтесори була голем педагог и многу помогнала да се промени односот кон воспитувањето на децата во 20 век. Таа е позната по формулирањето на кратки, но впечатливи заповеди за родителите.


Според нејзините совети, во светот се отвораат се’ повеќе училишта и градинки. Она што го советува Монтесори, родителите го прифаќаат како правило број еден.
1. Децата учат од она што ги опкружува.
2. Ако често го караме детето, тоа учи како да ги осудува другите.
3. Ако често го фалиме детето, тоа учи како да ги цени другите.
4. Ако покажеме непријателство кон детето, тоа ќе научи да се бори.
5. Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи што значи правичност.
6. Ако често го исмејувате детето, тоа станува срамежливо.

This image has an empty alt attribute; its file name is marija-montesori-1-754x1024.jpg
7. Ако детето се чувствува сигурно, учи да им верува на луѓето.
8. Ако на детето премногу често му кажуваме „срам да ти е“, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.
9. Ако детето често се охрабрува, ќе има поголема самодоверба.
10. Ако го поддржувате детето, тоа ќе биде самоуверено.
11. Ако детето живее во пријателско опкружување и чувствува дека им е потребно на другите, ќе научи како да најде љубов.
12. Никогаш не зборувајте лошо за детето, во или вон негово присуство.
13. Концентрирајте се на развивање на доброто кај вашето дете. Така нема да има место за лошото.
14. Секогаш слушајте и одговарајте на прашањето или барањето на детето доколку тоа се однесува на вас.
15. Почитувајте го детето дури и кога ќе направи грешка. Така тоа ќе може многу брзо да ја поправи својата грешка.
16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето кое има потреба и да се тргнете настрана кога ќе видите дека се справува.
17. Помогнете му на детето рано да ги совлада работите. Ќе го направите тоа така што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со позитивност, мир и љубов.
18. Секогаш однесувајте се убаво пред детето. Покажете му како да стане најдобрата личност што може да биде.
19. Почитувајте го детето кое се одмора, ги гледа активностите на другите деца или размислува за нешто што го правело. Не разговарајте со него и не го присилувајте да прави некоја друга активност.
20. Во центарот на образованието треба да биде самата личност. Секогаш треба да се има на ум дека човекот не се развива на факултет, туку дека неговиот духовен развој започнува веднаш штом се роди и е најјако во првите три години од животот.


Фото:Wikipedia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …