Пејачката Сиа се бори со тешка дијагноза: „Само во последните две години бев целосно своја“

Австралиската пејачка Сиа открила во емисијата на Роб Хас, A Podcast, дека ѝ бил дијагностициран аутизам во подоцнежните години, пишува Page Six.
-Јас сум во спектарот, се опоравувам и што и да е, има многу работи, изјавила пејачката за време на искрениот разговор со Керолин Вигер, истакнувајќи дека е присебна.
Пејачката не открила кога точно и бил дијагностициран аутизам.
– Се чувствував како 45 години на себе да ставам човечки костум. Само во последните две години станав потполно, целосно своја, додала таа.
Сиа зборувала и за тоа колку е тешко да му покажеш на светот која е таа навистина.
– Никој не може да те знае и сака кога си полн со тајни и живееш во срам. Кога конечно ќе седнеме во соба полна со странци и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најмрачни, најсрамни тајни, и сите тие се смеат заедно со нас, а ние не се чувствуваме како парчиња ѓубре за прв пат во нашите животи, а ние се чувствуваме како да не гледаат такви какви што навистина сме за прв пат во нашите животи какви што сме, тогаш можеме да почнеме да излегуваме во светот, рекла Сиа.

View this post on Instagram

A post shared by SIA (@siamusic)


Инаку, пејачката пред четири години открила дека боледува од уште една ретка невролошка болест, Елерс-Данлосов синдром. Тоа е наследна болест на колагенот која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерна еластичност на кожата и кршливост на сите ткива.
– Страдам од хронични болки поради невролошка болест. Само сакав да му кажам на секој што страда од физичка или емоционална болка дека ги сакам. Продолжете да се борите. Животот е тежок. Болката ќе ве обесхрабри, но не сте сами, напишала таа тогаш на Твитер.
Сиа е позната по хитовите со милионски прегледи, а има напишано песни за Бијонсе, Кети Пери, Адел и Ријана. Пејачката е позната и по тоа што не сака медиски да се експонира, па затоа на нејзините настапи секогаш носи перики кои и го покриваат лицето.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …