19.тото издание на Поточиња 2022 викендов вистински детски спектакл (Фото)

На прагот од летото, детските желби станаа реалност. 19.тото издание на фестивалот Поточиња официјално се одржа на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. „Поточиња“ докажа дека можеби е најдобриот детски фестивал кај нас.

Фестивалот кој беше вистинска забава за најмалите се одржа во трите достапни термини изминатиот викенд и на него се испеаа 15 прекрасни детски композиции. Програмата беше збогатена со анимирани цртани филмови, специјално подготвени за ова издание на Поточиња. 



Текстот на песничките е на Оливер Пап, и Леон Пап , а аранжманот и музиката од Мирослав и Оливер Пап. Водител исто како и секоја година беше шармантниот и секогаш расположен Мартин Јордановски – Поки.


Посетителите, освен подароци што ги добија од спонзорите, можеа да го купат и цедето со годинашните песнички. 

Новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб каналот „Поточиња“.

https://www.youtube.com/c/PotocinjaTV

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …