(ВИДЕО) ЌЕ ГО ПАМЕТИ ОВА ИЗЛЕГУВАЊЕ – Мајка ја фатила ќерка си во ноќно излегување, со каиш ја тепала на пат кон дома

Необично видео од ноќен клуб во Перу се појави на интернет и собра над 200.000 прегледи за само неколку дена.
Имено, додека една тинејџерка се забавувала во ноќен клуб со пријателите, во еден момент на вратата од клубот се појавила нејзината бесна мајка.
Госпоѓата, гледајќи ја својата ќерка, веднаш реагирала и ја испратила од клубот удирајќи ја со каиш по нозете се до дома


Некои од присутните снимиле се со своите мобилни телефони и видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи, пишува порталот Libero.
Необична сцена се случила во перуанскиот град Пакасмају, а веста ја пренесоа и тамошните телевизиски станици.
Младата девојка наводно не добила дозвола од родителите да излезе, а мајката дополнително збеснала бидејќи ја нашла малолетната ќерка како пие пиво.
Под објавената снимка, повеќето гледачи застанале во одбрана на мајката, сметајќи дека децата мора да ги почитуваат родителите кои им посакуваат најдобро.
Имало и такви кои мислеле дека мајката претерала со овој потег и дека во најчувствителните години ја ставила својата ќерка во многу непријатна ситуација.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …