(ВИДЕО) Семејството во автомобил останало заробено на подвижен мост, а потоа почнало да се лизга…

Едно белгиско семејство може да биде среќно затоа што излегло без сериозни повреди од несреќата.
Иако на прв поглед изгледа како реклама за гуми, ова видео јасно покажува колку е опасно кога не се почитуваат некои навидум неважни сообраќајни правила.
Станува збор за несреќа што се случила кон крајот на октомври во Лувен, кога младо семејство било заробено на мостот „Мари Тумас“, и тоа во моментот на неговото подигнување. Следиме мал црвен компакт кој, како Спајдермен, се обидува да остане на своето место, но како што мостот продолжува да се крева, на сите им е јасно дека во одреден момент ќе биде немоќен и ќе оди надолу.
Така се случило и автомобилот се превртел на покривот откако удрил во земјата. Младиот пар и нивното едногодишно дете останале заробени во автомобилот додека не пристигнала итната помош. Пожарникарите ги извлекле од оштетениот автомобил, а потоа ги однеле на преглед во блиската болница.


Иако најпрво се чини дека вината е кај возачот кој ја заобиколил рампата и предоцна тргнал кон мостот, сепак, самиот настан се истражува. Имено, Брисел не ја исклучува можноста за техничка грешка поради која возачот не бил предупреден дека мостот ќе се подигне за да го пропушти пловилото.
Каролиен Пилаертс од Фламански Вотервеј, која го надгледува системот на каналот, изјави за локалното радио: „Истражуваме како тоа воопшто можело да се случи. Испративме експерти на местото на несреќата и ги проучуваме снимките од камерите за надзор“.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …